ЗОШТО ДАНЦИТЕ СЕ НАЈСРЕЌНИОТ НАРОД ВО СВЕТОТ? Откриена уште една тајна

417

Данците се, велат, најсреќната нација во светот. Тешко е да се одреди која е нивната тајна, но постојат некои мали нешта коишто би можеле да ги копираме. Покрај hygge, што дефинитивно ќе го практикуваме или само ќе се обидеме оваа зима, постои и терминот „pyt“. Звучи малку мистериозно, но навистина не е; станува збор за истиот филозофски концепт како и за секојдневниот постулат.

Имено, „pyt“ е израз што би можел да се преведе како: „А, што да се прави“, „Што може да се направи“ и слично, а во концептуална смисла претставува прифаќање дека ситуацијата е надвор од нашата контрола и одбивање да се нервираме околу тоа бидејќи и онака не можеме ништо да сториме. На пример, кога чашата ќе ви падне на подот и ќе се крши и слично. Накратко, тоа е одлука да не размислувате за работите на кои не можете да влијаете, да не чувствувате срам поради секојдневните проблеми и да не ѝ се препуштите на лутината и стресот. Ништо ново, но секогаш вреди да се потсетува.






„Pyt“ претставува прифаќање дека ситуацијата е надвор од нашата контрола и одбивање да се нервираме за тоа затоа што и онака не можеме ништо да направиме

– Тоа е еден од моите омилени зборови. Звучи многу позитивно и има огромна моќ да ги оставите работите што не можете да ги промените. Има многу утеха и олеснување во тој збор – вели Крис Мекдоналд, Американец кој веќе 20 години живее во Данска.

Данците толку многу го обожаваат својот „pyt“ така што го избраа како збор на годината 2018 година, а се користи и во училиштата, каде што наставниците ги учат децата како да се справат со некои помали порази во животот околу кои не треба премногу да се нервираат, како, на пример, изгубен молив или изгубена игра. Се смета дека тоа е важна животна вештина, бидејќи не само што со тоа го олеснуваме ослободувањето од нештата и проблемите, туку и одбиваме инстинктивно да се обвинуваме себеси и другите за одредени проблеми. На пример, ако сте заглавени во сообраќајот и некој пред вас вози бавно, најчесто ќе ја насочите својата фрустрација директно кон возачот пред вас, обвинувајќи го него затоа што доцните. Истражувањата покажуваат дека таквото насочување на вината нѐ прави уште повеќе лути. Во тој момент, време е да посегнете по „pyt“ и да се помирите со фактот дека не можете да влијаете врз однесувањето на другите.

Нема да ја користите оваа вештина ако станува збор за нешто сериозно, кога сакате да се ослободите од обврските или да ја оправдате својата пасивност, но само во ситуации кои не се под ваша контрола.

 

Поврзани содржини