ЗОШТО ДА ГИ ВНЕСЕМЕ ВО ЕУ, КОГА ВЕЌЕ РАБОТАТ ЗА НАС Јанша откри што за Балканците мислат ЕУ-лидерите
Според Јанша во некои постари членки преовладуваат „тесноградоста и националистичките интереси“ над визијата за слободна, мирна и обединета Европа.
„Еден од европските лидери, нема да му го спомнам името, во расправата дури кажа: зошто би ги внеле во Европската Унија, кога вака ни се поевтини како работна сила“.
Овој факт за маката на балканските земји да влезат во ЕУ ѝ го откри на јавноста словенечкиот премиер Јанез Јанша во своето предновогодишно интервју. Тој додаде и дека во некои постари членки преовладуваат „тесноградоста и националистичките интереси“ над визијата за слободна, мирна и обединета Европа, пишува Индекс.
– Еден од стратегиските успеси е што проширувањето го вративме на маса како еден од клучните проекти на ЕУ. Но, за тоа беа потребни многу расправи – изјави Јанша.
Според него, Словенија во текот на своето претседавање со Советот на ЕУ годинава се изборила во документите повторно да се воведе поимот „перспектива за членство“, наместо само „европска перспектива“.
– Во тие расправи многу пати кажав дека по сè што доживуваме на истокот и што во последните децении го гледавме на Балканот треба да биде јасно дека ЕУ мора да се шири, со што се шири просторот на слободата и благосостојбата. Треба да се ослободиме од илузијата дека нештата ќе се решаваат сами по себе, а ако не се шири ЕУ, ќе се шири некој друг – додаде словенечкиот премиер.