ЗОШТО ДА ЈАДЕМЕ НЕШТО БЕЗ МЕСО? Како да се поттикне изборот на вегетаријанска храна?

Доколку имињата на јадењата како „лазањи без месо“ се заменат со имиња кои се фокусираат на вкусот и квалитетот, дури и оние кои не практикуваат вегетаријанска или веганска исхрана би биле заинтригирани да пробаат „неодоливи бавно готвени летни лазањи прелиени со крем сос од печурки и додаток од потпечени бадеми“.

245

Новата студија на Институтот за светски ресурси открива дека рестораните можат да ги охрабрат посетителите да јадат повеќе оброци од растително потекло – со тоа што во менијата ќе ги истакнат нивните еколошки придобивки.

Доколку сте возач, сигурно сте налетале на натпис покрај семафор кој сугерира да го исклучите моторот додека чекате да се запали зеленото светло за да не трошите гориво и залудно да го загадувате воздухот. Хотелите ве замолуваат да ги користите пешкирите и постелнината повеќе пати за да ја намалите потрошувачката на вода за перењето или да ги исклучите светлата во просториите каде што не престојувате. Зелените слогани потсвесно нè поттикнуваат да бидеме поодговорни кон ресурсите.






А што би се случило доколку рестораните на сличен начин промовираат исхрана базирана на растителна храна?

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини