ЗОШТО ЦРНИТЕ ДУПКИ СЕ ВРТАТ СО БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА? Позади нивното формирање се кријат тајните на универзумот
А, колку ќе биде голема оваа топка, на пример, кога ќе почне да се смалува нашето Сонце? За да добиете црна дупка ќе треба да го натискате Сонцето да има пречник од само 3 километри. Значи од бело топче со големина на земјата до црна дупка од 3 километри. Најинтересното? Со самото натискување во оваа црна дупка како некоја ткаенина ќе почне да пропаѓа дел од штофот од кој е направен нашиот универзум. Што значи, имаме дупка во ткаенината. Во вселената. Таа ткаенина генијот Ајнштајн ја нарекол со досадното име „време-простор“.
Црните дупки се едни од најенигматичните, екстремни објекти во целиот универзум, со поголема маса компресирана во мал волумен од кој било друг објект. Но, црните дупки не се само екстремно масивни, тие се и неверојатно брзи вртачи. Многу црни дупки, од нивните измерени вртења, се вртат со повеќе од 90 отсто од брзината на светлината. Тоа е максималната можна брзина во универзумот. Зошто е ова вака? Зошто нема бавни црни дупки?, прашуваат од БигТинк.
Знаеме дека црните дупки настануваат кога ќе умре одредена ѕвезда. Но, ѕвездите, сами по себе, се прилично бавни, дури и оние големите. На пример, нашето Сонце е најбавното тело кое се врти во нашиот Сончев систем. Од каде тогаш црните дупки забрзуваат за да стигнат до 300.000 километри во секунда?
Па, вака. За едно 7 милијарди години или нешто повеќе, откако ќе стане црвен џин и ќе изгори низ горивото со хелиум што се создава во во неговото јадро, нашето Сонце ќе го заврши својот живот и неговото јадро ќе се собира во мало топче од ѕвездени остатоци. Звучи страшно, но ова е најнежниот од сите типови на ѕвездена смрт.
Добро, а потоа? Внатрешното јадро, главно составено од јаглерод и кислород, ќе се стегне колку што е можно повеќе. На крајот, гравитацискиот колапс ќе биде запрен само од честичките, оф атоми, јони и електрони, од кои ќе биде направен остатокот од нашето Сонце.
Крајната игра за јадрото на ѕвезда слична на Сонцето ќе биде една мала топка позната како бело џуџе. Оваа збиена топка, ќе поседува значителен дел од масата на Сонцето, но набиена во мал волумен. За споредба, тоа ќе биде големо приближно колку Земјата.
Тоа џуџе веќе ќе се врти многу побрзо од Сонцето. Всушност, ќе може да заврти околу себеси за само еден час. Ова може да изгледа бизарно, но ако некогаш сте гледале уметничко лизгање, истиот принцип што го објаснува лизгачот што се врти и ги влече рацете внатре, го објаснува вртењето. Тоа е законот за зачувување на аголниот момент.
Што значи тоа „ аголен момент“? Ако издувате некој масивен објект, на пример голема ѕвезда, така што неговата маса е подалеку од неговата оска на ротација, тој ќе мора да успори за да го зачува аголниот момент. Само за појаснување, кај топчињата, центарот на топчето е местото околу кое тоа се врти, во случајов, центарот на топката.
Слично на тоа, ако го направите обратното, ако го стискате топчето за да има што помал волумен, како во случајот со белото џуџе, поголем дел од неговата маса ќе биде поблиску до центарот на неговата оска на ротација, па тоа ќе мора да забрза, правејќи повеќе вртежи во секунда, за да го задржи својот аголен моментум.
Што ќе се случи, тогаш, ако земете ѕвезда како нашето Сонце – со масата, волуменот и брзината на ротација на Сонцето и ја компресирате во волумен со големина на Земјата: типична големина за бело џуџе?
Ќе добиете збиено топче кое се врти со максималната можна или дозволена брзина во нашиот универзум, а тоа е брзината на светлината. Ете!
А, колку ќе биде голема оваа топка, на пример, кога ќе почне да се смалува нашето Сонце? За да добиете црна дупка ќе треба да го натискате Сонцето да има пречник од само 3 километри. Значи од бело џуџе со големина на Земјата до црна дупка од 3 километри.
Најинтересното? Со самото натискување во оваа црна дупка како некоја ткаенина ќе почне да пропаѓа дел од штофот од кој е направен нашиот универзум. Што значи, имаме дупка во ткаенината. Во вселената. Таа ткаенина генијот Ајнштајн ја нарекол со досадното име „време-простор“.