Зошто бразилскиот министер за здравство доби отказ?

Популарниот министер за здравство Мандета, вчера соопшти дека Болонаро го разрешил бидејќи ги критикувал неговите постапки за време на корона-кризата.

642

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро синоќа го разреши досегашниот министер за здравство Луис Енреике Мандета и на негово место го постави онкологот Нелсон Теиш.

Популарниот министер за здравство Мандета, вчера соопшти дека Болонаро го разрешил бидејќи ги критикувал неговите постапки за време на корона-кризата.






Болсонаро, кој постојано ги критикува мерките за физичка дистанца, синоќа рече дека мандета никогаш не пристапувал кон прашањето на невработеноста како што требало. мандета заговараше мерки за изолација за спречување на ширењето на епидемијата.

Набрзо по објавата за смената во Министерството за здравство, жителите на неколку бразилски градови, незадоволството го изразија со удирање во тенџериња и тави од своите прозорци и балкони. 

Поврзани содржини