ЗОШТО БЕБИЊАТА СЕ РАЃААТ БЕСПОМОШНИ, А ЖИВОТНИТЕ СПРЕМНИ ЗА ЖИВОТ? Еве зошто на најинтелигентните суштества им е потребна долготрајна грижа
Научниците објаснуваат како уникатниот развој на човечкиот мозок и исправеното одење ја обликуваат нашата ранливост и долготрајниот период на грижа
Д-р Мајкл Гартнер, пластичен хирург по професија, но и медицински експерт кој споделува совети за здравје преку интернет, објасни зошто луѓето доаѓаат на свет беспомошни, додека многу животни можат веднаш да одат и да комуницираат.
Тоа е мисла што ни поминала низ глава барем еднаш, бидејќи документарците често покажуваат како животните родени во дивината мора да застанат на свои нозе од првиот ден и да ги преземат секојдневните задачи.
Без креветче, без приказни за спиење, без поддршка во столче за хранење додека мајката ве храни – животот е тежок. Но, зошто е тоа така и зошто луѓето од беспомошни новороденчиња стануваат едни од најинтелигентните суштества на Земјата за само неколку кратки години?
Научно објаснување: Зошто бебињата се немоќни?
Секако, постои научно објаснување за ова и важен фактор што има совршена смисла.
Медицинскиот експерт д-р Гартнер одговори на видео во кое се објаснува зошто на човечките бебиња им е потребна посебна грижа. Оригиналното видео е објавено на YouTube од Зак Д. Филмс, а докторот реагира.
Видеото и повеќе за ова ќе најдете на порталот „Мајка и дете“.