ЗОШТО АУТИЗМОТ СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА ПОЧЕСТО ОД ПОРАНО? За влијанието на екраните и за интелигенцијата на луѓето со аутистичен спектар

Постојат апсолутно непобитни докази дека изложувањето на екраните има негативен ефект врз говорот, социјализацијата, спиењето, дебелината… Тоа е поврзано и со хиперкинетичкото нарушување (АДХД), нарушување на дефицитот на внимание, подоцна нарушување на учењето, предупредува професор д-р Ненад Глумбиќ, кој исто така ја објаснува врската помеѓу аутизмот и екраните преку терминот „autistic-like”

553

Професорот д-р Ненад Глумбиќ, еден од најголемите експерти за аутизам во соседна Србија, пред неколку месеци во интервју за порталот еКлиника објаснил сѐ за раното препознавање, симптомите и неопходните чекори кои родителите треба да ги преземат доколку постои сомнеж за оваа состојба.

Во овој дел се занимаваме со интелигенцијата на лицата со аутизам, со интригантните и актуелни прашања за зголемената преваленца на спектарот, како и за влијанието на екраните.






Аутизмот може да се комбинира со сите нивоа на интелигенција, од длабока интелектуална попреченост до генијалност

Според професорот Ненад Глумбиќ, одамна е познато дека аутизмот може да се комбинира со сите нивоа, односно со кој било степен на интелигенција.

Она што се менува, објаснува експертот, се бројките на процентуалниот сооднос колку се едните или другите групи.

Во современиот свет, аутизмот сѐ почесто се дијагностицира како високофункционален.

Денес со сигурност знаеме дека личноста со аутизам може да има кое било ниво на интелигенција.

Според новиот систем за класификација ICD-11, кој стапи на сила во светот во 2022 година, Светската здравствена организација ги дели лицата со аутизам според степенот на развиеност на говорот и интелигенцијата.

Во пракса сретнуваме деца со таканаречен длабок или тежок аутизам, кои имаат намалена интелигенција.

Тоа понекогаш достигнува ниво на длабока интелектуална попреченост и таквите луѓе се претежно невербални.

Од другата страна на спектарот, ги имаме таканаречените високофункционални индивидуи, кои можат да имаат не само зачувана, туку и натпросечна, дури и генијална интелигенција.

Сите опции се можни, вели експертот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Поврзани содржини