ЗОШТО АПАСИЕВ ЧЕКАЛ 5 МЕСЕЦИ ДА ЈА ЗАКАЖЕ АНКЕТНАТА КОМИСИЈА? Сите да бидат исконсултирани за термин, бара ВМРО-ДПМНЕ

Суштината на таа комисија да биде свикана е пратено писмено барање, во случајов до Димитар Апасиев како претседател на таа комисија. Важно е да нагласиме дека тоа барање до него е стигнато на 15.07. Зошто чекал 5 месеци да ја закажа оваа комисија, тоа е прашање која што треба да му се постави на него. Ние кажавме дека од ова нема да правиме политика, но очигледна е намерата некрофилски политички да поентира, вели пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека сите страни треба да бидат исконсултирани за термин.

126

Ние ќе го прифатиме ова барање за седница, но сметаме дека сите оние кои што претседателот на Комисијата Димитар Апасиев ги повикува да бидат присутни, треба да бидат исконсултирани за термин, бидејќи не сметаме дека оваа комисија треба да биде одржана на ист ден кога е и собраниската седница за расправа на буџетот, истакна пратеникот Бојан Стојаноски на новинарско прашање за ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за заседанието на Постојаната анкетна комисија.

– Суштината на таа комисија да биде свикана е пратено писмено барање, во случајов до Димитар Апасиев како претседател на таа комисија. Важно е да нагласиме дека тоа барање до него е стигнато на 15.07. Зошто чекал 5 месеци да ја закажа оваа комисија, тоа е прашање која што треба да му се постави на него. Ние кажавме дека од ова нема да правиме политика, но очигледна е намерата некрофилски политички да поентира. Негов е ставот што избрал да биде талог на општеството. Ние ќе го прифатиме ова барање, но сметаме дека сите оние кои што тој ги повикува да бидат присутни, треба да бидат исконсултирани за термин, бидејќи не сметаме дека оваа комисија треба да биде одржана на ист ден кога е и собраниската седница за расправа на буџетот. Многу е важно буџетот да биде донесен, бидејќи во наредната година тој е документот кој што обезбедува функционалност на државата, исплата на плати, исплата на пензии и сите оние работи кои што општеството треба да ги прибави од буџетот – рече тој.






Стојаноски истакна дека треба да се избере друг датум за одржување на седницата, кој што им одговара на сите тие кои што треба да бидат присутни и ние тоа ќе го поддржиме.

– Така што одговорот е, ајде да седнеме, да се договориме за датум кој што ќе биде

прифатлив за сите засегнати страни и да, ем ќе го поддржиме одржувањето на таквата седница и ќе учествуваме на истата – изјави пратеникот Стојаноски.

Поврзани содржини