Зошто АНБ не напишала службена белешка за избеганиот Мифтари?

Покрај „чудното бегство” во случајот со Мифтари се поставува и прашањето зошто за негово можно бегство службена белешка не поднесла Агенцијата за национална безбедност.

889

Четири дена откако не успеа да го пронајде полицијата денеска распишала меѓународна потерница за главниот осомничен кој бил врската со нарачателите на пасоши во случајот „Двојник“.

На сајтот на Министерството за внатрешни работи (МВР) се појави потерница за осомниченото лице во случајот „Двојник“, кое е во бегство. Се работи за Раиф Мифтари од Скопје кој е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања пропишано во членот 353 од Кривичниот законик.






За Мифтари е одреден притвор кој ќе стапи на сила при евентуалното негово пронаоѓање.

Како избегал Мифтари е вистинско чудо ако се знае дека тој е еден од главните осомничени во истрага која според министерот Спасовски трае повеќе од две години.

Во цел овој период Мифтари морал да биде под редовни и посебни истражни мерки и ако Спасовски ја говори вистината за должината на истрагата бил под темелна присмотра на истражители.

Покрај „чудното бегство” во случајот со Мифтари се поставува и прашањето зошто за негово можно бегство службена белешка не поднесла Агенцијата за национална безбедност.

АНБ предходно во друг случај и истрага која нема врска со нејзините ингеренции подготви службена белешка за бизнисменот Орце Камчев според која тој планирал да избега.

Во случајот Мифтари кој се случува само еден месец по белешката за Камчев нема никакво предупредување за осомничениот во Двојник кој бил под посебни истражни мерки но сепак АНБ не видела дека тој може да избега.

Зошто АНБ видела можно бегство кај Камчев, а не видела кај Мифтари може да се погодува, но не може да се исклучи политичка поврзаност и можна корупција со највисоките кругови во власта.

Вообичаено за сите настани во АНБ молчат и директорот Виктор Димовски и Јовче Ременски кој според повеќе извори ги пишува службените белешки.

Покрај Мифтари, во случајот со издавањето македонски пасоши осомничени сè уште 10 лица. Од нив, шест се во притвор за овој случај, додека еден осомничен од претходно е во притвор во постапка кој се води за незаконско издавање возачки дозволи. Со крадење на туѓ идентитет, 215 луѓе, од кои 214 се странци се здобиле со македонски пасош. Меѓу нив се наркодилери, криминалци, лица од висок ризик.

За ниту еден од нив јавноста досега не виде дека имало службена белешка како за бизнисменот Камчев кој важи за еден од најголемите непријатели на власта на СДСМ

Извор: Експрес.мк

Поврзани содржини