ЗОРТ ЗА ГАС Хаг бара привремено изземање од санкциите против Русија
Ќе бараме изземање за нашиот актуелен аранжман до 1 јануари 2023 за да гарантираме сигурност на снабдувањето и да ги олесниме преговорите - напиша советничката Саскија Бруинс во писмо до градскиот совет.
Холандскиот град Хаг соопшти дека ќе бара привремено изземање од санкциите на Европската Унија против Русија, додека се бори да најде нов доставувач на гас кој би го заменил рускиот енергетски џин Газпром.
Градот соопшти дека распишал тендер за цела Европска Унија во јуни и јули, но не успеал да привлече ниедна понуда од потенцијални доставувачи, пренесува Ројтерс.
– Ќе бараме изземање за нашиот актуелен аранжман до 1 јануари 2023 за да гарантираме сигурност на снабдувањето и да ги олесниме преговорите – напиша советничката Саскија Бруинс во писмо до градскиот совет.
Властите очекуваат дека ова ќе им биде дозволено бидејќи на време објавиле тендери, на кои не ги добиле посакуваните резултати. Истите власти очекуваат и дека новиот договор кој би требало да почне да важи од 1-ви јануари, ќе биде значително поскап за градот од сегашните договори со Газпром.