ЗОРАН ЗАЕВ НА БИХАЌКА КАКО ДЕЛ ОД „СТРАТЕШКИОТ ТИМ“ НА СДСМ Кој последен се смее, фраерот од Струмица ќе е!
Како тоа Заев се дружи со олигарси, работи против ДУИ, шурува со Мицкоски и оп - ете го во „стратешкиот тим“ на СДСМ, насмеан до Димитар Ковачевски? Значи ли тоа дека на Бихаќка куче и маче веќе спијат заедно?
„СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат“.
Со оваа реченица претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, го објаснува, како што пишува самиот на Фејсбук, „координативниот состанок на стратешкиот тим“, чија цел била „да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030 година“.
Централен лик на оваа средба бездруго е поранешниот лидер Зоран Заев. За разлика од неговото последно „гостување“ на Бихаќка за кое се знае, на состанок на раководството на партија во декември минатата година, кога влезе во конфликт со тимот на Ковачевски, Заев на оваа средба е видно расположен и позира насмеан.
Од постот на Ковачевски не е јасно дали Заев станал дел од „стратешкиот тим“ на СДСМ, со кој, колку што ни е познато, раководи Игор Ивановски. Другите два главни лика на овој состанок се генералниот секретар Миле Зечевиќ и членот на раководството на СДСМ Оливер Спасовски, за кого се шират шпекулации дека е еден од претендентите за кандидатура за претстојните претседателски избори.
До Плусинфо допреа шпекулации дека Ковачевски, во рамките на политиката на демонстрирање внатрепартиско единство во СДСМ, одржува контакти и со Радмила Шеќеринска. Но, не успеавме да ги потврдиме тие наводи, а на овој состанок на „стратешкиот тим“ Шеќеринска ја нема.
Интересно е да се види како оваа средба на Бихаќка ќе ја протолкува ДУИ, коалицискиот партнер на СДСМ.
Како што е познато, челници на ДУИ јавно говорат за постоење на лоби на „македонски олигарси“, кои наводно одржуваат состаноци со сегашни и поранешни политички лидери, при што тема на тие состаноци наводно била идејата за истиснување на таа партија и на Албанците воопшто од Владата.
Извори од ДУИ брифираат дека при тоа мислат на средби со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Шпекулациите одат до таму што се тврди дека Заев и Мицкоски се во постојана меѓусебна комуникација.
И одеднаш, ете го Зоран Заев на Бихаќка, како гостин, или можеби и како дел од „стратешкиот тим“ на СДСМ, кој треба да придонесе да се постигне „државен и национален консензус“ за исполнување на целта Македонија да стане членка на ЕУ до 2030 година. Значи ли тоа дека Заев ќе работи или веќе работи и на прашањето на обезбедување политичка поддршка за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот?
Ова е постот на Димитар Ковачевски на Фејсбук: