Зоран Милевски Кичеец излезе на слобода
Како што истакна Рускоска, тој дал гаранција од над 200.000 евра.
Второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец, излезе од куќен притвор и сега е на слобода, изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска во телефонски разговор за Алфа.
Како што истакна Рускоска, тој дал гаранција од над 200.000 евра.
– Ја прифативме гаранцијата во имот, со тоа што во казната нема да му се пресмета периодот кој ќе го помине на словода до правосилноста на пресудата – рече Рускоска.