Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ), Зоран Атанасов најави дека идната недела ќе поднесе оставка од функцијата.
Како што соопшти денеска на прес-конференција, од премиерот добил понуда да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.
– Имам понуда од претедателот на Владата да бидам советник од областа земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, што за мене претставува посебен предизвик – рече Атанасов.
Зоран Атанасов беше директор на АХВ од јуни 2017 година