Зоолошката во Варшава ќе им дава марихуана на слоновите

Како што објавија локалните медиуми, три афрички слонови ќе добијат доза со висока концентрација на канабиноидот ЦБД низ нивните сурли.

698

Зоолошката градина во Варшава, Полска, најави дека ќе започне на своите слонови да им дава марихуана како дел од пилот-проект, кој ќе служи за тестирање како оваа билка влијае врз намалување на нивниот стрес.

Според ветеринарката Агнеша Чујковска, канабисот се користи ширум светот за лекување кучиња и коњи, но сега, како што додаде таа, ова е веројатно прва иницијатива за слонови.






Како што објавија локалните медиуми, три афрички слонови ќе добијат доза со висока концентрација на канабиноидот ЦБД низ нивните сурли.

Ветеринарката Чујковска изјави дека ЦБД не може да предизвика еуфорија или штетни последици на црниот дроб или на бубрезите.

– Ова е начин да се најде природна алтернатива на постоечките методи за борба против стресот – рече Чујковска за АФП.

Поврзани содржини