Зоолошка градина со интересна услуга – „ноќевање со мечки“
Од почетокот на август, зоолошката градина „Ехтијари“ ќе им понуди на своите гости необична услуга - можност ноќта да ја поминат во друштво на диви животни, соопшти прес-службата на паркот.
Сакате да знаете какво е чувството да спиете во друштво на мечки? Само „скокнете“ во Финска и ќе дознаете.
Од почетокот на август, зоолошката градина „Ехтијари“ ќе им понуди на своите гости необична услуга – можност ноќта да ја поминат во друштво на диви животни, соопшти прес-службата на паркот.
– Нашите посетители честопати прашуваат кои се можностите да останат и да ја поминат ноќта во зоолошката градина. Од безбедносни причини, организацијата на таква услуга беше малку комплицирана, но најдовме решение – рече извршниот директор Арја Вјаилахо.
Од почетокот на август, дрвена куќа ќе ги отвори своите врати за гостите, каде ќе можат да ја поминат ноќта. Куќата се наоѓа веднаш до живеалиштето на мечките, а луѓето во неа можат да се чувствуваат безбедно.
Куќичката се наоѓа високо и до неа може да се стигне по скали. Нејзината површина е 15 квадратни метри и е опремена со голем прозорец со поглед на паркот на мечките.
Мечките се најактивни во вечерните часови, а исто така самите избираат каде ќе спијат – во нивните дупки или надвор.
Раководството на зоолошката градина планира да ги прошири можностите за вакви ноќевања по експерименталното започнување на новата услуга.