ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО КАРПОШ 1 И КАРПОШ 2 Процесот ќе се одвива етапно
Граѓаните кои гравитираат на наведените адреси ќе имаат право на бесплатно паркирање за две станарски бозила во зона Д42 во Карпош 1, информираат од општина Карпош.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје започна акција за воведување на зонско паркирање на територија Карпош 1 и Карпош 2, информираат од општина Карпош.
„Овој процес ќе се одвива во неколку фази, со цел да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила во овие населени места. Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое исто така ќе се одвива етапно, станарите ќе бидат навремено известувани, согласно динамиката на обележувањето на улиците“ – истакнуваат од општината.
Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое исто така ќе се одвива етапно, станарите ќе бидат навремено известувани, согласно динамиката на обележувањето на улиците.
Право на бесплатно паркирање на зона Д42 ќе имаат граѓаните кои гравитираат на една од наведените адреси, за две станарски возила, а поднесувањето на Барања за нивно евидентирање во системот ќе се одвива етапно, согласно динамиката на означување на улиците, за што ќе бидат дополнително известени, информираат од локалната самоуправа на општина Карпош.