„ЗОМБИ ПАРТИЈА ИЛИ ЗАБАВА НА ЗОМБИТЕ“ Трајко Славески за настанот на Нова алтернатива

„Зомбите се оживеани мртовци. Можат да одат, да мислат (понекогаш) и да напаѓаат живи луѓе“ – се вели во дефиницијата што ја објавува претседателот на Советот на Скопје.

2,923

„Зомби партија, или алтернативно, Забава на зомбите“ – вака професорот по економија Трајко Славески и претседател на советот на Град Скопје ја опиша денешната конвенција на Нова алтернатива на која градоначалничката на Скопје Данела Арсовска беше промовирана во нов претседател на некогашната партијата на д-р Ѓорѓи Оровчанец.

Во објава на својот профил на платформата „Х“ Трајко Славески, заедно со неколку фотографии од денешната конвенција на Нова алтернатива во „Континентал“, објавува и дефиниција од Википедија и Енциклопедија Британика за тоа што значи поимот „зомби“:






„Зомбите се оживеани мртовци. Можат да одат, да мислат (понекогаш) и да напаѓаат живи луѓе. Повеќето од нив ги јадат мозоците на живи човечки суштества. Кај зомбите срцето, плуќата и мал дел од нивниот мозок сè уште функционираат.“

Поврзани содржини