Игра со Зоран Заев е хит на „PlayStore“ – со премиерот собирате вакцини, а добивате „мало сутра“ кога ќе загубите (ВИДЕО)

Интересно е што во долниот дел на играта пишува „Пут у ЕУ“, а во позадина е „Воинот на коњ“. Кога играчот ќе ја собере вакцината карактерот извикува „Фајзер Ваксајн“, а кога ќе загуби се слуша „Мало сутра“.

4,367

На популарната продавница за преземање апликации „PlayStore“, се појави игра со ликот на премиерот Зоран Заев и е наречена „Zoki Vaksajn“, а која досега има повеќе од 1.000 преземања.

Според тоа што може да се забележи на самиот почеток на играта стои – „Zoki Vaksajn spremi se“. Таа е многу едноставна за играње затоа што играчот со притискање на екранот го придвижува ликот на Заев, а поените со добиваат со секое собирање на вакцина. Сепак не е едноставно да се преминуваат хоризонталните препреки.






Интересно е што во долниот дел на играта пишува „Пут у ЕУ“, а во позадина е „Воинот на коњ“. Кога играчот ќе ја собере вакцината карактерот извикува „Фајзер Ваксајн“, а кога ќе загуби се слуша „Мало сутра“.

Според информациите за играта таа е развиена од [email protected] , а била пуштена во PlayStore на 24.02.2021 и е со големина од 29 мегабајти. За играње на оваа игра потребен ви е паметен телефон со Андроид оперативен систем со минимум верзија 4.3.

Според коментарите кои ги имаат оставено лицата кои ја преземале играта, тие се многу задоволни и еве неколку од нив.

„Играта е совршенство, само додади уште некои глави и други звуци“, вели еден од нив.

„Супер е, само додајте други скинови. Сакам да играм со Мијалков и Грујо“, пишува Матокс.

„Додајте скинови на глави со македонски политичари или меме луѓе, додајте пари за купување на истите и додајте повеќе позадини кои исто така ќе се купувааат, топ е играта за почеток и чекаме update“, вели ТаZeY.

Поврзани содржини