Зоки сака да биде и власт и опозиција
Идеалната цел на Зоки би била да нема веќе партии, да биде само тесната олигархија на кланот Заев и нормално, на политичкото небо да свети само ѕвездата на ЗАЕВ.
Опасен е Зоки, своето име поголемо од партијата, своето име со кубитални карактери дури и кога е единствен кандидат.
Многу кажуваат вакви работи, за мегаломанијата, ги издаваат реалните намери и состојби. Партиите секогаш биле султански организации, но никогаш до овој степен, никогаш олку понизно и без мозок.
Но, насетувам и нешто друго, Зоки го заболе за партија реално, односно го заболе сė додека – Партијата е само тој.
Ова со предлозиве до ВМРО за заедничка концентрациона влада, издава дека амбициите му се далеку поголеми.
Сака да биде и власт и опозиција, и кадија те тужи и кадија ти суди.
Притоа, оваа свесна мегаломанија ЗАЕВ – Нова политика, му служи да се брани од нападите внатре во партијата, каде знае дека многу луѓе веќе не се спремни да ги следат него и неговиот клан.
Знае дека доаѓа опасност од тоа, како што знае дека мора ВМРО да ги држи внатрешно поделени и завојувани, бидејќи да бидеме искрени, си знае дека со вака фрагментирана и безидејна опозиција, која не разбира дека Западот нема никогаш да ја поддржи, јер антизападна и антиалбанска, само благодарение на тоа и владее.
Идеалната цел на Зоки би била да нема веќе партии, да биде само тесната олигархија на кланот Заев и нормално, на политичкото небо да свети само ѕвездата на ЗАЕВ.
Сум кажал многупати, не е крив ни Заев, ни Вице, ни Кланот, ни Љупче Корупција, ни Залижаниот дух од Муртино, криви се членовите, функционерите, поддржувачите на СДСМ, кои дозволија една тесна банда сè да присвои, да води ваков криминал, а тие да бидат понизни слуги, кои работат единствено за пари.
Пошто тоа е втората работа која го држи, хах, баш смешно, го држат ВМРО и пари на власт.
Целта му е апсолутно да ги освои и двете нешта.
(Фејсбук статус на авторот)