ЗОКИ И МИЦКО, ЗНАЕТЕ ЛИ ОД ШТО СЕ ПРАВАТ КОЛБАСИТЕ? Исто како и политиката, подобро да не знаете! (ФОТО)

Зоран Заев и Христијан Мицкоски во друштво на амбасадорката Анке Холштајн, со колбаси и со пиво, ги следеа резултатите од изборната драма во Германија.

3,748

Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во друштво на амбасадорката Анке Холштајн, со колбаси и пиво, се следат резултатите од изборната драма во Германија.

Претпоставуваме дека колбасите биле на менито смислено, не само како традиционална германска закуска, туку и за да ги потсетат Заев и Мицкоски на една славна мисла што му се припишува на Ото фон Бизмарк, за вистинската природа на политиката:






„Законите се како колбаси. Подобро е да не знаете од што се направени“.

(Фотографија: Дојче Веле)

 

Поврзани содржини