ЗНМ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА Да се почитуваат ковид-протоколите, загрижени сме за здравјето на медиумските работници

Имено, на фотографиите од денешниот настан може да се забележи дека снимателите немаат безбедни услови за работа поради несоодветниот простор во кој нема речиси никаква дистанца помеѓу медиумските работници, а со тоа директно се изложени на здравствен ризик по нивното здравје - наведува ЗНМ.

340

Преполната мала сала со новинари и сниматели на денешната прес-конференција на македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, многумина ги остави во загриженост од опасноста да стане жарите за ширење на короната. Половина од новинарите и не носеа маски. Владата очигледно не го пресмета доволно медиумскиот интерес за прес-конференцијата. Таа требаше да се префрли на друго, поголемо место, каде што нема да постои чувство на ковид-нелогодност.

Реагираше и Здружението на новинари на Македонија. Тоа побара Владата да ги почитува здравствените протоколи за медиумско покривање на настани во затворен простор.






– По добиени поплаки од страна на членови на секцијата на сниматели при ЗНМ, апелираме дека Владата треба да ги почитува здравствените протоколи за медиумско покривање на настани во затворен простор. Имено, на фотографиите од денешниот настан може да се забележи дека снимателите немаат безбедни услови за работа поради несоодветниот простор во кој нема речиси никаква дистанца помеѓу медиумските работници, а со тоа директно се изложени на здравствен ризик по нивното здравје – наведува ЗНМ.

Здружението бара од Владата кога има ваков тип настани за медиумите во иднина да се обезбедат соодветни услови за нивна работа и строго да ги почитуваат здравствените протоколи предвидени за јавни настани.

Поврзани содржини