ЗНМ РЕВОЛТИРАНО ОД ВУЛГАРЕН ТРАНСПАРЕНТ ЗА КОМЕНТАТОР НА МТВ Домаќинот Еурофарм Пелистер не го тргна во текот на целиот меч
Во текот на целиот меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар на една од трибините група неодговорни навивачи имаа истакнато недоличен транспарент на кој пишуваше „Југо К. Вагино скопска“.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колегата коментатор од Македонската Телевизија Југослав Костовски.
Во текот на целиот меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар на една од трибините група неодговорни навивачи имаа истакнато недоличен транспарент на кој пишуваше „Југо К. Вагино скопска“.
Спортските новинари при ЗНМ искажува револт кон навивачите, но и кон домаќинот на големото ракометно дерби РК Еурофарм Пелистер бидејќи раководството и луѓето задолжени за организација на мечот имаа вовед, две полувремиња, пауза и цели два часа да реагираат и да го отстранат транспарентот или тие што го промовираа на видно место, а тоа не го сторија.
„Валканите пресметки на навивачите со новинарите и непостапувањето кон истите не се непознати во нашиот спорт, но сигурно не се начин на кој се градат големите европски спортски колективи. Со самиот факт што Еурофарм Пелистер е наш машки ракометен првак и учесник во групната фаза од Лигата на шампионите тоа ги става битолчани во ситуација да имаат обврска тоа да биде нивна траекторијата на развој што, пак, дефинитивно значи и коректен однос кон известувачите од натпреварите и на домашната и на меѓународна сцена“ – се вели во соопштението на ЗНМ.
Пред првенствениот ракометен натпревар меѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961, управата на клубот апелираше сите кои ќе бидат во спортската сала „Боро Чурлевски“, со своето фер и коректно спортско навивање да придонесат натпреварот да се одигра во спортска и фер атмосфера.
Инаку, тимот на РК Вардар 1961 вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше поразен од РК Еурофарм Пелистер со 29:25, но сепак, поради подобрата гол разлика ќе го освои првото место во групата со битолчани. Гостинските ракометари на првата средба со Еурофарм-Пелистер победија со 30:25, па во продолжение на првенството ќе имаат подобра стартна позиција.