ЗНМ: Регистарот е за препознавање професионални медиуми, а не за делење дозволи за движење
Во исто време, додаваат оттаму, сите онлајн медиуми потребно е да бидат свесни за тежината на изречениот збор во вакви времиња и да сфатат дека одговорноста од евентуално непрофесионално известување е нивна, но последиците ќе ги трпат граѓаните.
„Според објавените насоки, дозволи ќе се издаваат на сите традиционални медиуми кои се регистрирани во Агенцијата за медиуми, а за онлајн медиумите само на оние кои се дел од Регистарот на професионални онлајн медиуми објавени на платформата www.promedia.mk. Во контекст на ова, укажуваме дека зачленувањето во Регистарот на професионални онлајн медиуми е на волонтерска основа и служи за да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство, како помош на граѓаните при изборот на медиумите за нивното информирање и на бизнис заедницата во пласирањето на нивните реклами. Целта на Регистарот е да се следи почитувањето на новинарските стандарди, да се поттикнува професионалноста и да се алармира на прекршувањата, но не може да служи за ограничувања во секојдневното извршување на работните задачи. Оттука, сметаме дека ограничувањето според кое медиумите кои не се дел од овој Регистар не можат да добијат дозвола за движење со цел вршење задачи во услови на полициски час не е оправдано и бараме Владата да го преиспита ваквиот чекор“, стои во соопштението.
Во исто време, додаваат оттаму, сите онлајн медиуми потребно е да бидат свесни за тежината на изречениот збор во вакви времиња и да сфатат дека одговорноста од евентуално непрофесионално известување е нивна, но последиците ќе ги трпат граѓаните.