Знамето во Токио ќе го носи таеквондистот Георгиевски
Георгиевски најави дека неговата цел е освојување медал на Олимпијадата во Токио.
Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе биде знаменосецот на македонскиот олимписки тим на Игрите што од 23 јули до 8 август треба да се одржат во Токио.
Информацијата, на Денот на македонското знаме, ја објави неговиот тренер Дарко Костовски.
– Со особено задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио – објави селекторот на македонската таеквондо репрезентација Костовски на социјалните мрежи.
Таеквондистот Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако на 8 мај триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија, совладувајќи го во финалната борба актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.
Георгиевски најави дека неговата цел е освојување медал на Олимпијадата во Токио.