ЗНАМ СЕ ОГРАДУВА ОД БИЗНИС- АКТИВНОСТИТЕ НА ПЕТРОВСКИ Доколку се утврди конфликт на интереси, органите да постапат по закон

Движењето објаснува дека Сашо Петровски бил носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на било каква партиска функција.

134

Движењето ЗНАМ за наша Македонија нема никакво партиско-политичко влијание во ниту една тендерската постапка на хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти, реагираат од Движењето на кажаното на денешната прес- коференција на СДСМ.

ЗНАМ се оградува од било каква инволвираност во овој и вакви случаи, велат оттаму.






-Точно е дека господинот Сашо Петровски беше носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на било каква партиска функција. Тој е приватен стопанственик кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и во минатото има сериозно професионално портфолио во оваа сфера во одржувањето на приватни компании, но и државни институции – велат од ЗНАМ.

Од Движењето додаваат дека доколку  било кој надлежен орган утврди било каков конфликт на интерес, прекршување на постапката или прекршување на законите, ги повикуваат надлежните да постапат согласно законската норматива.

-Во спротивно секој го има демократското право да води сопствен бизнис и да учествува на јавните конкурси -велат од ЗНАМ.

Поврзани содржини