ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО СЕ ВЕЛИ: „АКО НЕ СЕ ПРОМЕНИШ, ЌЕ ТИ ЈА ЈАДЕМЕ ПЧЕНИЦАТА“? Не, не, баталете погреби, варете си пченица за ќеф и за здравје

Ова е обично порака за некој кој живее погрешно, односно, на начин кој може да предизвика наскоро да се соочи со смртта, а оние околу него потоа, се знае, ја спремаат пченицата. Долго време пченицата беше само асоцијација за умирачки и за слави, во поново време е асоцијација и за нешто забрането, поради глутенот, а всушност, ако немате проблем со последново, таа е одлична за здравјето

312

Иако сега не е баш тренд да се јаде пченица зашто нели, во моментов исхраната без глутен е една од најпопуларните во светот, за оние кои немаат проблем со глутенот, пченицата е всушност, корисна и здрава.
За повеќето луѓе во нашите краишта пченицата е асоцијација за умирачки и евентуално, за слави. Кај нас мајка ми додека бевме помали, освен што ја ‘ртеше за да ни стави потоа зелени изданоци во сендвичите во салатата или во некое јадење, знаеше да ја направи и онака, како торта, мелена пченица, мелени ореви, мед, цимет, морско оревче. Приготвена на овој начин ја снемуваше за еден дден. Понекогаш, кога немаше времеја оставаше така сварена во тенџерето и не потсетуваше да си додадеме по желба во неа нешто за да ни биде повкусна и да ја јадеме.

Сега често си варам пченица и си ја јадам за појадок или за вечера. И сѐ помалку ми асоцира на погреби. Тоа е единственото место кадешто не ѝ го чувствувам вкусот дури ни кога е направена така како што најмногу ја сакам, мелена и со многу мелени ореви.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини