ЗНАЕМЕ КОЈ ТРЕБАЛО ДА ГО ИЗВРШИ АТЕНАТОТ ВРЗ МЕНЕ Вучиќ откри детали, требало да го убијат на плоштадот Сава?

Во тој момент се свртев кон (Александар) Вулин, пред да тргнам кон говорницата и го прашав: „Што е, зошто се тресеш од страв“, вели Вучиќ за денот кога бил на плоштадот Сава за отворањето на споменикот на Стефан Немања.

332

„Ќе се појават нови податоци, имаме нови пакети преземени од телефонот“, изјави претседателот Александар Вучиќ, коментирајќи ги наводите на соработникот на сведокот Срѓан Лалиќ дека групата на Вељко Беливук планирала да го убие. Тој посочи дека службите имаат информации кој требало да учествува во извршувањето и на првиот и на следниот планиран атентат, пишува Н1.

– Нашите служби не можеле туку така да измислат нешто. Ќе се појават нови податоци, имаме преземени нови пакети од телефонот. Почнаа да зборуваат за убиството и за нападот врз мене, сега имаме потврди и знаеме кој сѐ учествувал во тие приказни, кој требало да учествува во егзекуцијата и во првиот и во следниот обид – рече Вучиќ на прес-конференцијата.






Атентатот наводно бил планиран за време на откривањето на споменикот на Стефан Немања на плоштадот Сава во Белград. Вучиќ рече дека тој ден, поради големата јавна површина на која се наоѓал, биле ангажирани сите снајперисти и специјалци што Србија ги има и дека одбил да носи панцири.

– Во тој момент се свртев кон (Александар) Вулин, пред да тргнам кон говорницата и го прашав: „Што е, зошто се тресеш од страв“ – рече Вучиќ.

Тој додаде дека тоа прашање го поставил на шега бидејќи Вулин е одговорен човек, а самиот не сакал да носи панцир.

– Ако ја доведовме земјата до точка кога криминалците можат да го убијат шефот на државата, тогаш тоа зборува за нас. А криењето од мојот народ не ми паѓа на памет. Сѐ додека сум жив ќе одам кај мојот народ, нема да носам панцир – повтори претседателот.

Тој посочи дека државата победува во борбата со мафијата, но дека сѐ уште има многу проблеми.

– Во најголем дел ѝ ја отсековме главата (на мафијата), но има уште разни нервни завршетоци и многу проблеми со кои се соочуваме, па тоа ќе треба да го решиме во наредниот период – заклучи Вучиќ.

Поврзани содржини