„ЗНАЕМЕ КОЈ ПАЦИЕНТ ЌЕ ЗАВРШИ НА РЕСПИРАТОР“ Д-р Шкопљанац со ултразвук може да предвиди како ќе се развива болеста

Целта ми беше да отворам нова можност за помагање на пациентите кои поради коронавирусот доаѓаат на лекување, објаснува д-р Иван Шкопљанац, пулмолог во КБЦ Сплит.

2,708

Со метод на ултразвучно испитување на белите дробови може да се предвиди како ќе се развива коронавирусот кај пациентите, односно дали кај лицата заразени со ковид-19 постои опасност да завршат на респираторна машина. Ова го тврди д-р Иван Шкопљанац, специјалист по пулмологија во КБЦ Сплит, кој заедно со својот тим го развил методот за ултразвучно испитување, пишува српскиот портал Мондо.

– Работев во ковид-центар во ноември минатата година, за тоа што се занимавам со ултразвук на белите дробови од самиот почеток на мојата специјализација, сакав да го искористам ваквиот метод кој неоправдано е запоставен во лекувањето на белодробните пациенти. Целта ми беше да отворам нова можност за помагање на пациентите кои поради коронавирусот доаѓаат на лекување – изјавил д-р Шкопљанац, додавајќи дека рендгенските снимки честопати не даваат доволно јасна слика, додека, пак, скенерот на градниот кош не може да се направи за толку кратко време.






Кога добил поддршка од д-р Крешимир Долиќ, почнало снимањето на белите дробови со ултразвук, а д-р Шкопљанац забележал дека може да предвиди како ќе се развива болеста кај пациентите.

– Имаше многу пациенти кои изгледаа добро на почетокот и никогаш не би рекле дека нивната состојба ќе се влоши. Луѓето би имале само мала потреба од кислород и би биле без индикации дека состојбата ќе им се влоши. Но, само по еден направен ултразвук, ние забележавме дека нивната состојба може да се влоши, што би било нелогично, бидејќи екстерниот прелед и наодите беа во навистина добра состојба – објаснува д-р Шкопљанац.

Тој тврди дека таквата рана прогноза конкретно им помага на пациентите.

– Пациентите со можност за влошување на состојбата ги префрлавме во одделенијата поблиску до единиците за интензивна нега и на некој начин знаевме колку респиратори и уреди со висок проток на кислород ќе ни бидат потребни – посочи докторот.

Поврзани содржини