ЗНАЕЛЕ ДЕКА ТРАМП НЕ ГИ КРШИ ПРАВИЛАТА И ПАК ГО БАНИРАЛЕ Маск го распушти Советот за доверба и безбедност на Твитер
Вработените меѓу себе муабетеле дека Трамп „ќе се обиде да ја пробие иглата на поттикнувањето (насилство) без да ги прекрши правилата“ иако тој „не поттикнал насилство“, дури ни на „шифриран начин“.
Илон Маск не дочека да се сретне со вработените во Советот за доверба и безбедност на Твитер и го распушти советот преку и-мејл, пишува Гардијан. Советот, во кој членувале речиси 100 граѓански организации како советници кои го следат говорот на омраза и слични појави веќе нема да постои. Фајловите што неодамна ги објави Маск преку двајца новинари велат дека Твитер го банирал Доналд Трамп иако тој во ниеден свој твит не поттикнал насилство и не ги скршил правилата.
Ова го покажуваат најновите објавени преписки меѓу вработени од компанијата кои ги објави новинарката Бери Вајс со дозвола од новиот газда, Илон Маск. Вработените меѓу себе муабетеле дека Трамп „ќе се обиде да ја пробие иглата на поттикнувањето (насилство) без да ги прекрши правилата“ иако тој „не поттикнал насилство“, дури ни на „шифриран начин“.
14. Another staffer agreed: “Don’t see the incitement angle here.” pic.twitter.com/6mbUU2Tma0
— Bari Weiss (@bariweiss) December 12, 2022
Сепак, стотици од нив подоцна објавиле писмо во Њујорк Пост со кое барале тогашниот газда на Твитер, Џек Дорси, да го банира Трамп.
Во писмото тие отишле дотаму што напишале дека Трамп е „водач на терористичка група одговорна за насилство или смрт што може да се спореди со стрелецот во Крајстчерч или Хитлер и врз таа основа и на севкупните негови твитови, тој треба да биде деплатформиран“, се вели во пораките објавени од новинарот Вајс. Потоа Трамп беше баниран, денови по упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година, по тензичен состанок внатре во Твитер.
Членовите на Советот за доверба и безбедност за Асошиејтед Прес изјавиле дека ќе продолжат во нивната борба за да го направат Твитер побезбедно место. Тие покажале и слика од мејлот во кој Маск ги известил дека Советот ќе се распушти.
Исто така во понеделникот, беше објавено дека поранешниот највисок функционер за безбедност на Твитер, Јоел Рот, бил принуден да го напушти својот дом поради многуте лични напади, вклучително и од самиот Маск кој зборуваше против него на Твитер.