ЗНАЕЛЕ ДЕКА НЕ Е ТАКА! Стаса извештајот од инспекцијата во училиштето во кое Коста К. изврши масакр
По извршениот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ било констатирано дека во ова училиште немало врсничкo насилство врз Коста К., кој на 3 мај 2023 година изврши масовно убиство и рани пет лица, меѓу кои и наставничката по историја.
Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“ вели дека не е изненадена од наодите од инспекцискиот надзор и дека тоа веќе било познато.
– Го знаев тоа и го кажав веднаш, на првиот ден. Наодот на инспекцијата дека момчето не било изложено на насилство не ме изненади, но благодарна сум што брзо се направи. Во меѓувреме, децата, од 3 мај кога се случи трагедијата, беа под стигмата дека всушност сите тие се криминалци и главни виновници за тоа што се случи, а не беа. Сите ние во училиштето го знаеме тоа, знаеме што се случува таму и какви деца се тие – рече таа.