📸 ЗМИСКИОТ ПРСТЕН БИЛ КРИВ ШТО РИТА ОРА ГО УТНА ЗНАМЕТО? Медиумите го коментираа нејзиното парче накит

Змискиот прстен потсетува на прстените кои ги носела кралицата Клеопатра, а змија која си ја јаде опашката е знак на мудрост и учење од животните лекции.

811

Прстен со змија, моден детал кој пејачката Рита Ора го носеше на концертот на кој по грешка вееше српско знаме, можеби е причината зошто таа не видела дека не се работи за знамето на народот од кој води потекло, албанскиот. Медиумите го коментираат прстенот кој можеби направил светлина да ѝ заблеска во очите на концертот во Унгарија. Ова се совпаѓа со нејзината изјава по концертот. На нејзиниот Инстаграм може да се види слика од накитот.

Да се потсетиме, лице од публиката ѝ подаде српско знаме на пејачката од албанско потекло. Таа рече дека мислела дека се работи за знамето на Унгарија:






– Синоќа за време на мојот настап на фестивалот SZIN во Унгарија еден млад фан ми подари знаме. Поради силните светла на сцената, не можев јасно да видам чие е знамето. Дури кога се симнав од сцената сфатив дека тоа е српското знаме, а не унгарското – изјави тогаш Рита.

Змискиот прстен потсетува на прстените кои ги носела кралицата Клеопатра, а змија која си ја јаде опашката е знак на мудрост и учење од животните лекции.

 

 

 

 

Поврзани содржини