ЗЛОУПОТРЕБИЛ ЧУВСТВИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА И СИ КУПИЛ ПОЕВТИНИ АКЦИИ Банкар доби кривична пријава за измама

Пријавениот сензитивните информации ги пренел и на трети лица, поточно, на членови на негово потесно семејство, па и тие си купиле акции од банката, соопшти МВР.

2,559

Банкар од Скопје искористил чувствителна информацција и купил акции по поповолна цена, а информацијата ја споделил и на членовите на неговото смејство, па и тие си купиле акии.

Полицијата му поднесе кривична пријава за делото измама при работењето со хартии од вредност и удели.






„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против Ф.Е. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама при работењето со хартии од вредност и удели по член 275 став 3 од Кривичниот законик. Пријавениот во својство на член на надзорен одбор на банка од Скопје, злоупотребил внатрешна информација која се однесува на висината на дивидендата за 2023 година, која како член на надзорен одбор ја дознал во текот на 2024 година. На тој начин користејќи ја ценовно чувствителната информација истиот се стекнал со 500 обични акции, по просечна цена на чинење на акција од 16.400 денари или вкупно за акциите платил 8.200.000 денари“, соопшти полицијата.

Кривично пријавениот, се додава во соопштението, сензитивните информации ги пренел и на трети лица, поточно, на членови на негово потесно семејство.

И тие ја искористиле информацијата на начин што купиле 701 акција на банката, по цена пониска од цената која што ја достигнала хартијата од вредност. Односно, за акциите бил платен вкупен износ од 11.520.967 денари, а тоа овозможило да се стекнат со вкупна корист од 639.000 денари по основ на ценовната промена на акцијата, како и вкупно 646.100 денари по основ на дивиденда. Со ова лицето Ф.Е прибавил противправна имотна корист за себе и за членовите на неговото семејство и на тој начин сторил кривично дело измама при работењето со хартии од вредност“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини