ЗЛОУПОТРЕБА, ИЗМАМА, ПРОНЕВЕРА И НЕСОВЕСНО ЛЕКУВАЊЕ НА ОНКОЛОГИЈА Поднесени 2 обвиненија против 5 лица, оштетени 39 пациенти и државниот буџет

Првото обвинение, кое се однесува на економското работење на Клиниката опфаќа две лица, медицински директор и организациски директор кои се обвинети за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама во службата и Проневера во службата. Повеќето од дејствијата ги сториле во соизвршителство и во временски период од 2018 до 2022 година, соопшти Јавното обвинителство.

369

Пет лица се обвинети во предметот Онкологија, од кој произлегоа две обвиненија за повеќе тешки кривични дела, соопшти денеска Јавното обвинителство на прес-конференција. Со првото обвинение се обвинети поранешнот медицински директор Нино Васев и поранешниот организациски директор на Клиниката за Онкологија, а второто обинение е против четворица онколози, од кои едниот онколог е медицинскиот директор кој е обинет со првото обвинение.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска информираше дека ја заврши истрагата и до Основниот кривичен суд поднесе две обвиненија за предметот.






„Првото обвинение, кое се однесува на економското работење на Клиниката опфаќа две лица. Првиот обвинет, во својство на службено лице – медицински директор и вториот обвинет, во својство на организациски директор на Клиниката се обвинети за продолжени кривични дела  Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама во службата и Проневера во службата. Повеќето од дејствијата ги сториле во соизвршителство и во временски период од 2018 до 2022 година“, соопшти ЈО по прес-конференцијата што ја одржаа државниот обвинител Љупчо Коцевски, шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски и предметниот обвинител Ана Гоговска Јакимовска.

Кривичното дело Злоупотреба на службената положба обвинетите го извршиле со пречекорување на границите на своето службено овластување. Тие не ја извршиле својата службена должност во постапките за набавка на лекови, постапувајќи спротивно на Законот за здравствената заштита, Закон за здравствено осигурување, Статутот на Клиниката, Законот за буџетите и Законот за јавни набавки.

– Со овие дејствија тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот на Република Северна Македонија, во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари (35,7 милиони евра). Исто така, двајцата се обвинети за измама во службата бидејќи извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата. На тој начин прибавиле значителна корист за добавувачите на лекови во вкупен износ од над 430 милиони денари – рече Гоговска Јакимовска.

Обвинетите, објасни таа, во постапките за јавни набавки на лекови – биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела, набавувале лекови на реверс, без да постои валиден правен основ за тоа, по што за покривање на реверсите спроведувале постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни бидејќи добавувачите на лекови во рамки на добиените јавни набавки ги фактурирале претходно дадените лекови на реверс. Така, без комплетна, веродостојна и вистинита документација обвинетите овозможувале верификација на реверсите преку јавните набавки.

– Со ваквите противзаконити дејствија обвинетите креирале противправни обврски на Фондот, кој бил доведен во заблуда дека условниот буџет кој го одобрува се однесува на законски креирани обврски, а не за намирување на противправно креирани обврски за лекови набавени на реверс, поради што Фондот на годишно ниво одобрувал условен буџет на Клиниката, од кој потоа биле исплаќани лековите набавени на овој начин – рече обинителката.

Обвинетиот медицински директор Васев, помогнат од организацискиот директор извршил и кривично дело Проневера во службата, додаде таа.

– Тој преку постапките за набавка на лекови набавил количина на лекови која имал намера да ја присвои, па откако со свој потпис ќе го препишел и одобрел лекот, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, односно не ги аплицирал на пациентите во чие име овие лекови биле требувани. Па така, постои разлика меѓу евидентирана требована количина за пациенти и раздолжена количина за пациенти во износ од околу 2 милиони денари. Ова е констатирано кај 9 пациенти за кои фиктивно се раздолжувани 5 различни лекови – наведе обвинителката.

Дополнително, додаде таа, медицинскиот директор, користејќи ја неусогласеноста на состојбата на залихите искажана во сметководствената и материјалната евиденција и неусогласеноста помеѓу месечните податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на Клиниката, за кои бил директно одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои клиниката требало да ги има на залиха.

– Станува збор за вијали и таблети од вкупно 9  лека – херцептин, авастин, ербитукс, фулвестрант, тразимера, кадцајла, оксалиплатин од 50 и 100 милиграми и зелбораф, со кои за себе прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари (200.000 евра) – рече Гоговска Јакимовска.

Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.

-Првиот обвинет е исто така поранешниот директор на Клиниката, кој во соизвршителство со друга лекарка на истиот оддел се товари дека извршил продолжени Тешки дела против здравјето на луѓето и Несовесно лекување болни. Други двајца лекари се товарат за основното кривично дело Несовесно лекување болни и тоа сторено како продолжено дело, како повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело – рече предметната обвинителка.

Со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите.

– Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на ЈЗУ Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија. Другите двајца лекари се обвинети за кривично дело Несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист, поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба – објасни таа.

Обвинителката рече дека онколозите запишувале вишок терапија за одредени оациенти, при што една до две вијали од требуваната терапија ја земале за себе, а останатата ја аплицирале.

Обвинителот Бубевски истакна дека се работи за многу сложен предмет.

– Ако постои дефиниција за сложен оредмет, тоа е овој и досега не сум имал посложен предмет, како дел од ОЈО Скопје. Не сум учествуал досега во ваква постапка. Сложен е и од аспект на дејствијата што ги презеле или не ги презеле инволвираните, како и од аспект на последиците врз болните и врз целото општесто. Овој предмет е почнат со сознанија, гласови, истражувања од истражувачки новинари и на тој начин е влезен во процедура на испитуање на сите дејствија. ЈО се задржа на некои аспекти, во делот на злоупотребите кои најмногу беа видливи од извештите на Државниот завод за тевизија за финансиските злоупотреби на Клиниакта за онкологија. ЈО му даде и друг пристап на овој предмет, во насока колку се испочитувани методите и протоколите што се потребни за лекување на овие пациенти, имајќи ја предвид, пред сè, таа биолошка терапија за која се зборува во овој предмет – рече Бубевски.

Се работи за сложени процедури, додаде тој, кои беа предмет на вештење.

– Вештачењето беше голем предизвик за ОЈО Скопје. Во нашата држава немаме независни стручни лица кои можат да дадат стручен осврт дали тоа лекуање е адеквано според светските стандарди и дали таквото лекување и евентуалното непочоитување на протоколите овозможува и некоја друга корист за обвинетите во овој предмет. Односно, дали со ваквоте постапувања има и економски штети за Клиниката. Словенечкото вештачење е комплексно и е и на оваа линија. Искористени се сите можни инструменти кои на еден таков предмет треба да му дадат целина, за ЈО да може да го изнесе пред суд. Едното вештачење го изврши Медицинскиот факултет во Марибор, а второто е извршено во Србија. Ангажманот на предметниот обвинител, истражниот центар, финансиската полиција и сите вклучени дадоа исклучителен придонес за да имаме предмет со кој може да очекуваме и осудителна пресуда. Обвинение се поднесува кога ЈО смета дека може да очекуваме пресуда со она што сме го презентирале со доказите и фактите кои произлегле од доказите – рече Бубевски.

Тој додаде дека согласно последните измени на Кривичниот законик не моѓе да се очекуа висока заторска казна за делот Злоупотреба на службената положба и овластување, но останатите дејствија се многу потешки, како делата Проневра во службата и Измама во службата, со оглед на високите суми пари, а особено делото против здравјето на луѓето.

Штом во судот ќе бидат примени обвиненијата, Обвинителството ќе предложи нови мерки за обезбедување на обвинетите лекари, со оглед дека после обинителниот акт се зголемува опасноста од бегства.

Државниот обвинител Коцевски на почетокот на прес-конференцијата рече дека овој предмет е отворен по допрен глас, од новинарски истражувања и од ревизија за работењето на клиниката за 2023 година.

– Потоа течеше предистрага и истрага, со голем број превземени дејствија и сложени вештачења. Се заблагодарувам за трпението, пред сè на пациентите на Онкологија, но и на целата јавност, бидејќи нема семејство во Македонија што директно или индиректно не е засегнато со работењето на оваа клиника.  Најголем предизвик еа вештаењата. За да се обезбеди неристрасност ЈО обезбеди две медицински вештачења, од Србија и од Словенија, за различни сегменти од лекувањето на пациентите. Би се заблагодарил на словенечките и на српските експерти, кои со своето стручно знаење го потврдија она што беше сомнение – рече Коцевски.

Од сите прегледани истории, 65 истории на онолошки пациенти беа испратени и анлизириани од експертите, додаде тој.

– Во висок процент од нив, терапијата не била давана онака како што предвидуаат протоколите за лекување на овие болести. Истрагата обезбеди докази дека на Клиниката се вршеле злоупотреби и проневери со скапата биолошка терапија, сè ова е опфатено во обвиненијата. Сакам да укажам на  2 работи. Прво, да ги уверам пациентите дека на Клиниката работат и чесни професионалци во кои треба да се има доверба. Додека траеше истрагата на клиниката се воведуваа промени во начинот на воведување на терапиите, за да се подобри тој систем и да се отстранат системските слабости кои овозможуваат злоупотреби. Задачата на ЈО е да ги гони оние кои свесно или несвесно го загрозиле животот на пациентите и ќе продолжиме да го правиме тоа. Второ, овој предмет мора да биде лекција на сите одговорни лица, за да се унапредат протоколите и прописите во сите здравстени установи. Довербата на пациентите мора да се врати. Медицинските вештачења од двете земји со кои претходно сме биле заедничка држава, за жал, покажа дека кај нас се влошувале состојбите – рече Коцевски.

Тој додаде дека засега има обвиненија против петте лица кои биле првичмо опфатени со истрагата. Нема обвинение за поткуп, но, доколку излезат индиции, истрагата ќе се прошири и во таа насока.

Поврзани содржини