ЗЛОСТОРСТВАТА ГИ ИЗВРШИЈА БРИТАНЦИТЕ Лукашенко тврди дека има информации за случувањата во Буча
Ако ви требаат адреси, лозинки, броеви на автомобили, марки на автомобили, на кои пристигнале во Буча и како го направиле тоа, (тајната служба) ФСБ на Руската Федерација може да ги обезбеди овие информации. Ако не, можеме да ви помогнеме во тоа, додал тој.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека има информации дека Британците со возила дошле во градот Буча близу Киев и дека се поврзани со убиствата на цивили, пишува Индепендент. Порталот Индепендент во својот текст вели и дека Лукашенко не дал докази за своите обвинувања.
– Тоа е како во Буча, Тука разговаравме за политиката. Сите врескаат: „Па, требаше да воведеме друг пакет. Денеска детално разговаравме за нивната „психолошка специјална операција што ја изведоа Британците – изјавил белорускиот претседател на денешната посета на космодромот „Восточни“ на далечниот исток во Русија заедно со Владимир Путин.
Додека се откриваат нови трупови на цивили во Буча, Москва и Киев си ја префрлаат топката околу убиствата и околу снимките кои се појавија на социјалните мрежи.