ЗЛОСТОРНИЧКАТА ГРУПА НА ЗАЕВ И СПАСОВСКИ ГИ МАЛТРЕТИРА ГРАЃАНИТЕ Посебен тим на полицајци активиран за изборите, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ
Злосторничката групација составена од полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на секој кој не го поддржувал СДСМ: „Земете му ја колата и убијте го“, гласи една од координираните наредби во групата.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека до одржувањето на вториот круг на локалните избори, од власта се подготвени да ги узурпираат државните институции пред сè полицијата, со цел да се изврши дополнителен притисок врз граѓаните кои не ги поддржуваат нивните кандидати.
од партија открија дека информациите им се доставени од загрижени полицајци, вработени во МВР, кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група.
– Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз. Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители – изјави од ВМРО-ДПМНЕ.
Од најголемата опозициска партија тврдат и дека за изборите било договарано, следење, малтретирање и шиканирање на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Во групата членувале и командирот на ОВР Прилеп – Дарко Цуцулоски, заменикот командир – Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп – Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е личен шофер на советникот на министерот Спасовски – Оливер Лукароски, кој според конверзацијата во групата е главниот налогодавец.
– Злосторничката групација составена од полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на секој кој не го поддржувал СДСМ: „Земете му ја колата и убијте го“, гласи една од координираните наредби во групата.
Друга порака од групата вели – „Застанете ги возилата и на принуден технички преглед“!
Доста внимание предизвика следнава порака – „Вчера во 19.00 часот на ул. Кеј 19-ти септември пред зградата на зоолошката, втора зграда, Тојота црн џип ПП 0200 во кој седеше Борче Јовчески, во возилото седеше со УПС Мики Чадамов кој му предаваше список, односно документи“ – дава информација во групата Марјан Мачорот од БПС Прилеп.
Ова е извадок од таа конверзација, која открива дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и сега веќе избран градоначалник на Прилеп, бил следен од полицијата за партиски цели на СДСМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Онај од комуналец замина пешки на кутии“, на што Кире Китаноски шоферот на Оливер Лукарески дава насока – „На технички, земете му ја колата“. Додека Александар Крајоски од БПС Прилеп додава – „Крфта да му ја е…“. На тоа Кире Китаноски, шоферот на Оливер Лукароски уште еднаш дава насока – „Земете му ја колата, убијте го, напрајте нешто“, откриваат од партијата.