🎥 „ЗЛОБНИОТ РЕЖИМ ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТ“ Иранскиот врховен лидер вели дека Израел е збир од сите зла и грешки
Нападот врз нашиот конзулат е напад врз нашата почва. Злонамерниот режим во овој случај направи погрешен потег. Треба да биде казнет и ќе се казни, рече иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.
Иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи, на видео на социјалната платформа Икс, вети дека „злонамерниот ционистички режим“ на Израел ќе биде казнет по започнувањето на иранските напади со дронови против Израел.
– Самиот злонамерен режим, кој е збир од сета злоба, зло и грешки, додаде уште една грешка на сопствените грешки со тоа што извршил напад врз иранскиот конзулат во Сирија. Конзулатот и канцелариите на амбасадите, во која било земја каде што постојат, се на почва на земјата на која им припаѓа амбасадата. Нападот врз нашиот конзулат е напад врз нашата почва. Злонамерниот режим во овој случај направи погрешен потег. Треба да биде казнет и ќе се казни – рече Хамнеи.
In the Name of God, the Beneficent, the Merciful
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) January 3, 2020