📽️ ЗЛАТО ОД 800 МИЛИОНИ ЕВРА ПОД ЛУПА Гувернерот Славески лично ги провери резервите во Лондон

Златните резерви од 6,9 тони проверени во трезорот на Банката на Англија, потврди Народна банка.

16

Златните резерви на Македонија, вредни околу 800 милиони евра, биле лично проверени од гувернерот на Народната банка Трајко Славески за време на официјалната посета на Банката на Англија. Делегацијата имала работна посета во трезорот каде што се чува монетарното злато на државата.

Народната банка располага со 6,9 тони монетарно злато, кое се чува во алоцирана форма во трезорот на Банката на Англија, во златни прачки што го исполнуваат „London Good Delivery“ стандардот – со чистота од најмалку 99,5% и тежина од околу 12 килограми по прачка.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

СЛАВЕСКИ ГИ ПРОВЕРИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО БАНКАТА НА АНГЛИЈА Ги разгледа и можностите за пристап до пазарот за злато во Лондон

 

Поврзани содржини