ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ ЗА ВЕНКО И ЗА ЗАЕВ ЗА ДУБАИ ИСПАДНАА ВИЗИ ЗА ВО ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА Димса најавува тужба за СДСМ, а отштетата ќе ја донира

Бидејќи културно, политички и коректно им дадов шанса вчера да се извинат, дрско одбија, денес сакам да соопштам дека вмешувањето на моето име и презиме во политички конструкции и квалификации на СДСМ ќе го докажуваат на Суд, вели Арсовски.

73

„Златните визи на Венко и Заев за Дубаи на крај излегоа златни визи за политичка историја на една партија како СДСМ, која секојдневно со неспособноста и непознавањето на суштината на политиката, брзо и сигурно оди со рејтингот да се израмни со ЛДП, ако некој воопшто ја памти таа партија“ – напиша на Фејсбук Димче Арсовски – Димса, поранешен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски беше посочен на еден од пресовите на СДСМ како роднина на еден од сопствениците на фирма која добила тендери од Генералниот секретаријата на Владата во износ од 9 милиони евра за една година, но Арсовски категорично негираше било каква врска со посочениот, освен идентичното презииме. Во демантот Арсовски побара од СДСМ јавно извинување. Бидејќи тоа не се случи Арсовски најавува тужба за клевета против партијата.






„Оставив да размислат за политичката глупост што ја направија вчера и чесно да си ја признаат грешката која ја направија, па можеби и доблесно да се извинат, но иако беа повикани да се извинат, веднаш дрско и нервозно одговорија дека не се извинуваат.

Свесни дека погрешиле, уште повеќе продолжија да се дават политички во жива кал. Затоа никој не им верува ниту на СДСМ, ниту на Венко Филипче, ниту на било кој спотер од таа партија. Затоа и целата држава и целата јавност знаат дека немаат идеја, немаат познавање, не се способни да променат и направат нешто, а уште помалку да се реформираат.

Затоа, бидејќи културно, политички и коректно им дадов шанса вчера да се извинат, дрско одбија, денес сакам да соопштам дека вмешувањето на моето име и презиме во политички конструкции и квалификации на СДСМ ќе го докажуваат на Суд. Ќе им поднесам тужба преку правниот тим, за вмешувањето и квалификациите кои ги изнесоа. Оштетата, која ќе процени правниот тим дека ќе ја побара, уште сега кажувам дека ќе биде донирана“ – напиша меѓудругото Арсовски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини