„Златниот“ Бетовен стаса во Виена на велосипед

236

По повод одбележувањето на Бетовеновата година 2020 и 250 години од раѓањето на славниот композитор, во Виена стаса од Бон златна статуа на Бетовен.

Статуата поради пандемијата на коронавирусот имала необично патешествие додека стасала во главниот град на Австрија. Сто соработници на ДХЛ групата во Германската пошта статуата ја транспортирале со велосипед од Бон до Пас, а оттаму ја презела Австриската ДХЛ пошта и ја донела во Виена. За ова патување се пријавиле вработени од Германската пошта кои се вљубеници во велосипедизмот. Првично било планирано пат од 1.000 километриБон-Виена да се помине со штафета од по 20 велосипедисти во 11 етапи.






Музејот на изложбена површиба од 250 квадратни метри опфаќа збирка на ракописи, инструменти и клавирот на кој Бетовен свирел, неколку негови бисти, книги, фотографии, мебел, уметнички слики, оригинални писма, конверзациска тетратка со чија помош се разбирал кога потполно го изгубил слухот и факсимил од „Тестаментот од Хеилигенштад“ како и други предмети кои припаѓале на Бетовен.

Поврзани содржини