Златната олимпијка била во карантин со новото момче, поранешниот сопруг и со неговиот партнер ФОТО

1,041

Златната олимпијка Ребека Адлингтон во текот на карантинот објави фотографија со својата ќерка и со новото момче, но и со поранешниот сопруг и неговото момче.

Петмината живееле заедно за време на карантинот во Велика Британија, а 31-годишната пливачка покажа дека ја прифатила бисексуалноста на нејзиниот поранешен сопруг.






Ребека и поранешниот сопруг Хари Нидс имаат петгодишна ќерка Самер, а спортистката во моментов е бремена со новото момче Ендру Парсонс и чекаат син.

– Сите се согласуваме затоа што станува збор за Самер. А, Хари е многу добар татко. Ми се допадна карантинот со ќерка ми и тоа дека повеќе време поминувавме заедно – додала таа.

Таа и Хари, исто така пливач, се разведоа по 18 месеци брак, а со цел и тој да го помине времето со својата ќерка, се преселил кај Ребека со своето ново момче Мајкл Ганинг.

– На моменти беше тешко, но сега кога погледнав сè,  јасно ми е дека не можеме да го вратиме времето и таква беше ситуацијата. За Самер тоа беше нормално, децата се пофлексибилни од нас возрасните – рекла Ребека.

Хари претходно призна дека на Ребека никогаш не ѝ зборувал за својата сексуалност за време на бракот и петгодишната врска.

– Разговаравме дури откако се разведовме. Немав впечаток дека сум ја изневерил, бидејќи ја сакав, но никогаш немав шанса да ја истражувам мојата сексуалност пред бракот – рекол Хари.

 

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини