ЗЛАТНАТА МИЛА Таеквондистка Рељиќ со нови бодови на патот кон Париз

Како што информираат од таеквондо клубот „Тигри“ – Скопје, следните големи натпревари за Рељиќ се Светското првенство во мај во Азербејџан и Европските Олимписки игри во јуни во Полска.

100

Младата Мила Рељиќ успеа да освои златен медал во категоријата -62 кг на силниот меѓународен турнир Рамус Г1 Опен кој викендов се одржа во Скопје, а со тоа полека да го трасира својот пат за настап на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Имено, Рељиќ до најсјасното одличје дојде во извонредно тесни борби, откако забележа победи над Тамара Сево (Србија), Зое Гуели (Унгарија) и Надја Савковиќ (Србија), што за неа значеше нови 10 поени за светската и олимписката ранг листа за Париз 2024.






Како што информираат од таеквондо клубот „Тигри“ – Скопје, следните големи натпревари за Рељиќ се Светското првенство во мај во Азербејџан и Европските Олимписки игри во јуни во Полска.

На натпреварот во Скопје имаше натпреварувачи од 36 земји меѓу кои и Австралија, Америка, Бразил и бројни светски и олимписки медалисти.

Мила покажа шампионски дух и потврди дека одличната форма од минатата година ја продолжува, а со ова ја потврди довербата која ѝ ја дава Општина Гази Баба во нејзината најголема желба, а тоа е настап на ОИ во Париз.

Поврзани содржини