ЗЛАТКО ПЕРИНСКИ НА ЧЕЛО НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО Именуван е за в.д. директор
Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Беше министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“.
Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“.