Златко Марин оди во изолација, генералниот секретар Стевков има корона

Според информациите до кои дојде Плусинфо, Марин ќе биде тестиран денеска.

1,191

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин е во домашна изолација, откако во текот на вчерашниот ден генералниот секретар, Владимир Стевков, објави на социјалните мрежи дека е позитивен на коронавирусот.

– Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се преземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се заштитам од ковид-19. Од самиот почеток на пандемија сум во првите редови во борба против пандемијата. Вчерашното тестирање покажа позитивен резултат – пишува Стевков во објавата на Фејсбук.






Според информациите до кои дојде Плусинфо, првиот човек на Аеродром веднаш е ставен во изолација поради контактот со Стевков, во текот на денешниот ден ќе биде тестиран и се очекува да ги добие резултатите денеска или утре.

Поврзани содржини