ЗЛАТЕН ТОАЛЕТ СРЕДЕ МИЛИОНСКАТА АФЕРА ВО УКРАИНСКИОТ ВРВ Зеленски живеел во истата зграда како и осомничениот соработник
Тимур Миндич, кој живеел во истата зграда со украинскиот лидер, е осомничен дека раководел со шема за извлекување 100 милиони долари преку фиктивни енергетски договори во текот на 2022 година. Истражителите во неговиот стан нашле торби со пари и тоалет од позлата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со најтешкиот политички потрес од почетокот на војната, откако во јавноста излегоа наводи дека дел од неговиот најтесен круг бил вмешан во скандалозна мрежа за перење пари од енергетскиот сектор.
Во центарот на аферата е бизнисменот Тимур Миндич, поранешен соработник на Зеленски и копродуцент во забавната компанија „Квартал 95“, во чиј стан истражителите пронашле торби со пари и тоалет од позлата, јави „Фокс Њуз Диџитал“.
Миндич, кој живеел во истата зграда со украинскиот лидер, е осомничен дека раководел со шема за извлекување 100 милиони долари преку фиктивни енергетски договори во текот на 2022 година. Истрагата, наречена „Операција Мидас“, ја води Националното биро за спречување на корупција (НАБУ) и веќе ги опфати неколку клучни имиња во владиниот апарат.
🇺🇦 🪙 #Ukrainian investigators on Tuesday accused Timur Mindich, a close ally and longtime business associate of President Volodymyr #Zelensky, of orchestrating a $100 million corruption scheme in the energy sector. pic.twitter.com/TPTojjvPf3
— FRANCE 24 English (@France24_en) November 12, 2025
– Украинците сега немаат никаква мотивација да се борат поради големите кршења на човековите права и корупцијата што е разоткриена – изјави поранешен владин функционер за „Фокс Њуз Диџитал“.
Понатаму, истиот извор тврди дека Зеленски бил свесен за нелегалните трансакции, па дури и ги одобрил. Некои средства, наводно, завршиле на офшор сметки поврзани со луѓе блиски до него.
Други осомничени се Олексиј Чернишов, поранешен потпретседател на владата, кој бил обвинет за злоупотреба на службената положба и за изградба на повеќе луксузни вили во Киев.
Во своето ноќно обраќање на 10 ноември, Зеленски нагласи дека „секој кој составил корумпирана шема мора да добие јасен правен одговор“ и дека „неизбежноста на казната е задолжителна“.
Но, според анонимниот функционер, „Зеленски не е човек што чувствува срам дури и ако има истрага за корупција. Тој доби сè од оваа војна – власт, имиџ и внимание“.
Интересно, истиот извор додаде дека многу Украинци сега гледаат надеж во Доналд Трамп, верувајќи дека токму тој може да донесе мир во регионот.