ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ГРИН МАШИНС НА БРАКО Возило на велешката фабрика најдобро во категоријата мобилни машини 

На Меѓународниот конкурс за иновативни производи со висок квалитет на Техничкиот саем во Пловдив, Бугарија, електричното возило ГМ 500 ЗЕ доби највисоки оценки во неговата категорија, во присуство на изложувачи од 25 земји.

395

Златен медал во категоријата мобилни машини добија возилата на Грин машинс на Меѓународниот конкурс за иновативни производи со висок квалитет на Техничкиот саем во Пловдив, Бугарија.

Жири составено од специјалисти од бугарската државна агенција за метрологија и технички надзор го оцени македонскиот производ, електричното возило ГМ 500 ЗЕ, со највисоки оценки во неговата категорија, во присуство на изложувачи од 25 земји кои изложуваа во области од машинство, енергетика, дигитални технологии, тешка техника, еколошко градежништво, хибридни транспортни средства и беспилотни летала.






ГМ 500 ЗЕ работи на електричен погон и користи последна генерација на литиум-јонски батерии со нула емисија на СО2 и нула загадување на околината.

Грин машинс произведува технолошки врвни возила на електричен и водороден погон, како и возила на класичен погон, наменети за одржување хигиена во урбани средини.

Велешката фабрика на настанот изложи три свои возила ГМ 955, ГМ 500 ЗЕ и ГМ 400 ЗЕ.

Возилата на Грин машинс се барани и високоценети на светскиот пазар поради нивната технолошка напредност, ефикасноста во работењето и модерниот дизајн.

Поврзани содржини