ЗЛАТЕН МЕДАЛ ОД ECO-VADIS ЗА EOS-ГРУПАЦИЈАТА ЕОС-Матрих Македонија лидер во примена на ESG стандардите во финансискиот сектор

Оценувањето на EcoVadis опфаќа повеќе од 150.000 компании во светот, а се базира на строги критериуми од областа на корпоративната одржливост. Признанието од EcoVadis се смета за едно од најпрестижните и претставува меѓународен референтен стандард што инвеститорите, финансиските институции и деловните партнери го користат како индикатор за доверливост, транспарентност и долгорочна стабилност на компаниите.

16

Меѓународната EOS Групација е добитник на едно од најрелевантните глобални признанија, златниот медал од EcoVadis во доменот на исполнување на ESG стандардите. Ова глобално признание е потврда за висока свест за животната средина, општествена одговорност и управувачки перформанси, покрај солидните финансиските резултати.

Оценувањето на EcoVadis опфаќа повеќе од 150.000 компании во светот, а се базира на строги критериуми од областа на корпоративната одржливост. Во таа насока се оценува придонесот на групацијата за имплементација на практиките за поголема декарбонизација, примена на принципите на кружната економија, примена на енергетски ефикасни решенија и зелена енергија, фер третман кон вработените и промовирање на етиката како основа на деловните активности.






Признанието од EcoVadis се смета за едно од најпрестижните и претставува меѓународен референтен стандард што инвеститорите, финансиските институции и деловните партнери го користат како индикатор за доверливост, транспарентност и долгорочна стабилност на компаниите. Добивањето златен медал значи дека системите, политиките и практиките на EOS Групацијата се независно валидирани според најстроги глобални ESG критериуми, што ги зајакнува имиџот и конкурентноста на компанијата и нејзината позиција на меѓународните пазари.

Како дел од EOS Групацијата и активен чинител во оваа стратегија, ЕОС Матрих Македонија со иста посветеност и динамика продолжува да ги зацврстува високите принципи во областа на одржливото и одговорно корпоративно управување. Компанијата подолг период наназад ги имплементира ESG перформансите во секојдневното работење, што се огледа во повеќе области, како што се инвестициите во дигитализација, заштита на податоците, фер и транспарентен пристап кон корисниците, сериозна поддршка на развојот на секундарниот финансиски пазар и одржување на финансиската стабилност во земјава. ЕОС Матрих Македонија работи согласно унифицирани европски процеси и регулативи, обезбедувајќи усогласеност со највисоките стандарди што ги применува EOS Групацијата на повеќе од 25 пазари во Европа.

„Златниот медал за EOS е силна потврда за нашите заложби и посветеност преку примена на највисоките стандарди во областа да креираме подобри услови за одржливост. Како дел од реномираната групација, ЕОС Матрих Македонија ги применува ESG стандардите во секој сегмент од работењето и сме едни од пионерите во оваа област во финансискиот сектор. Тоа ја потврдува долгорочната определба за поддршка на процесите на раздолжување кај граѓаните и компаниите, на финансискиот сектор, како и на економскиот развој на земјата воопшто. Со силна поддршка од Групацијата EOS, ќе продолжиме да инвестираме во одржливи и ефикасни решенија согласно со потребите на македонскиот пазар, со цел поддршка на финансиската дисциплина, заштита на корисниците и развој на националната економија, согласно со највисоките ESG стандарди на EOS Групацијата“, изјави д-р Катерина Бошевска, главен извршен директор на ЕОС Матрих за Македонија и Косово.

ЕОС Матрих Македонија управува со портфолио од 150.000 предмети, од кои над 20 отсто се веќе затворени, а вкупните инвестиции на македонскиот пазар надминаа 30 милиони евра. Покрај преземањето на комплексни портфолија на нефункционални пласмани, компанијата континуирано ги развива дигиталните алатки, како што е платформата MyEOS, која овозможува сигурен, транспарентен и флексибилен пристап за клиентите во управувањето со нивните обврски. ЕОС Матрих вложува и во напредни ИТ решенија, како и примена на меѓународни стандарди, меѓу кои и ISO 27701, со што директно придонесува за зајакнување на довербата во финансискиот систем.

Откако минатата година ја освои исто така престижната бронзена награда, годинешниов златен медал од EcoVadis е значаен исчекор за EOS Групацијата. Компанијата се вбројува меѓу најдобрите 5% компании на глобално ниво, и меѓу првите 3% во својата индустрија, каде влегуваат дирекции за управување со побарувања и кредитни бироа. EcoVadis е еден од водечките глобални провајдери за оценка на одржливоста и од своето основање во 2007 година досега има оценето повеќе од 150.000 компании во светот.

Марвин Рамке, претседател на Управниот одбор на EOS Групацијата, нагласи дека преминувањето од бронзен до златен медал за само една година е исклучително достигнување и јасен показател дека стратегијата за одржливост дава резултати.

„Ова признание е заслуга на напорната работа на целиот наш тим, како и силна мотивација да продолжиме по патот на одржливо корпоративно управување и постојано унапредување на нашите стандарди“, потенцира Рамке.

EOS Групацијата, како дел од Otto Group, има лидерска позиција како инвеститор во портфолија на побарувања и располага со врвна експертиза за управување со нефункционалните пласмани. Има повеќе од 50-годишно искуство, нудејќи напредни услуги во банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата, а вработува повеќе од 6.000 луѓе.

Поврзани содржини