„ЗЛАТЕН ГОНГ“ СЛАВИ 50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ Во Скопје ќе настапат 60 боксери од 14 земји
Покрај македонските ќе учествуваат и боксери од: Албанија, Англија, Бугарија, Велс, Ирска, Кина (Хонг Конг), Косово, Молдавија, Словенија, Србија, Украина, Хрватска и Црна Гора.
Македонската репрезентација која ќе биде предводена од селекторот Руждија Калач е составена од: Ардијан Џемаили, Оран Јашаровски, Јасин Љама, Дион Лена, Ферид Хоџа, Лео Јовановски и Арсим Етеми.
Покрај македонските ќе учествуваат и боксери од: Албанија, Англија, Бугарија, Велс, Ирска, Кина (Хонг Конг), Косово, Молдавија, Словенија, Србија, Украина, Хрватска и Црна Гора.
По традицијата, најголемата боксерска манифестација во нашата држава добива поддршка од Агенцијата за млади и спорт (АМС).
– Сите настапи кои имаат меѓународен карактер се плус за сите наши спортисти. Од ваквите натпревари се стекнува потребното искуство. Агенцијата за млади и спорт и во иднина ќе дава поддршка со цел постигнување подобри резултати. Јас како директор на АМС ќе се залагам македонските боксери да имаат услови што ќе овозможат нивен напредок и во скоро време да се појави некој нов Примислав Димовски, Вели Мумин – изјави Наумче Мојсовски, директор на АМС.
Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски очекува турнирот да помине без проблеми.