ЗК „Пелагонија“ не ја знае причината за растот на цените на акциите
ЗК Пелагонија АД Битола нема сознанија за постоење на конкретно ценовно чуствителни информации кои треба да ги објавиме согласно Правилата за котација на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје
ЗК„ Пелагонија“ АД Битола не располага со информација за евентуална заинтересираност на инвестициски фондови за купување на Друштвото, одговори компанијата на барањето на Комисија за хартии од вредност и од Македонска берза за хартии.
Берзата на барање на Комисијата за хартии од вредност го запре на одредено време тргувањето со акциите на ЗК „Пелагонија“ по што побара и објаснување за растот на цените на кациите.
„ЗК Пелагонија АД Битола нема сознанија за постоење на конкретно ценовно чуствителни информации кои треба да ги објавиме согласно Правилата за котација на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје“, стои во одговорот објавен на Македонска берза.
Во врска со информациите објавени на порталот Фактор, додаваат оттаму ве известуваме дека ЗК Пелагонија АД Битола не располага со информација за евентуална заинтересираност на инвестициски фондови за купување на Друштвото.