ЗК „Пелагонија“ ги продаде акциите во „Жито Полог“
АС СЕЊАК увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ Кичево се стекна со 9,04 отсто од акциите на „Жито Полог“.
ЗК „Пелагонија“ од Битола ги продаде акциите кои што ги поседуваше во „Жито Полог“ Тетово, соопшти компанијата преку Македонска берза.
Компанијата соопшти и дека нов сопственик на 9,05 отсто од акциите издадени од „Жито Полог“ е друштвото за трговија, производство и услуги АС СЕЊАК увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ Кичево.
„Акционерот ЗК Пелагонија Битола продаде 5047 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово и повеќе не поседува акции издадени од Жито Полог АД Тетово.Друштвото за трговија , производство и услуги АС СЕЊАК увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ Кичево се стекна со 5066 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово , што претставува 9,05 % од вкупниот број на издадени акции на друштвото“ стои во соопштението..