ЗИМСКО УТРО ВО БЕРОВО Температурата се спушти на минус 4 степени

Времето изутринава е сончево и студено. Наместа дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

52

Најстудено утрово е во Берово, минус 4 степени, и само таму температурата е под нулата.

Според УХМР,  1 степен е измерен во  Лазарополе, 2 во Крива Паланка, Битола и Струмица, 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Штип и Демир Капија, 4 во Прилеп, Куманово, Велес и Маврови Анови, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Дебар, 6 степени во Охрид, Претор, Крушево и Попова Шапка и 8 степени во Гевгелија.






Времето изутринава е сончево и студено. Наместа дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура денеска ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 25 степени

Поврзани содржини